Ердоган: Налогот за убиството на Кашоги доаѓа од највисоко ниво
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека налогот за убиството на новинарот Џамал Кашоги стигнал од „највисоко ниво“ од саудиската Влада.
Во авторски текст за „Вашингтон пост“, Ердоган пишува дека „ниту секунда не поверувал дека кралот Салман го наложил убиството на Кашоги“.
– Жално е што саудиските власти се обидуваат да го прикријат злосторството, вели Ердоган и истакнува дека мора да се открие идентитетот на тие кои стојат зад убиството на саудискиот новинар.
Ердоган предупреди дека долгогодишното пријателство на Анкара со Ријад не значи дека Турција ќе го игнорира „ова планирано убиство“ на својата територија.
– Никој повеќе да не се осуди да изврши такво злосторство на територијата која е сојузник на НАТО, инаку ќе има сериозни последици, истакна турскиот претседател.
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот