Ердоган ќе го посети Санкт Петербург на 9 август

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 9 август ќе го посети Санкт Петербург, соопшти денеска во Москва турскиот заменик-премиер Мехмет Шимшек.
- Нашиот претседател потврди дека ќе стигне во Санкт Петербург на 9 август. Ние сме денеска овде со цел што поскоро и забрзано да ги нормализираме состојбата и нашите односи, кои беа нарушени на 24 ноември 2015 година, изјави Шимшел, по средбата во Москва со рускиот вице-премиер Аркадиј Дворкович.
Како што јави ТАСС, Шимшек и се заблагодари на Русија за упатената поддршка на турската Влада за време на обидот за воен удар, кој според Анкара го организирал муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во доброволен егзил во САД.
- Би сакал да ви се заблагодарам за поддршката за време на неодамнешните случувања во Турција и затоа што ја поддржувате демократијата и турската Влада, порача Шимшек.
Односите меѓу Турција и Русија драстилно се влошија откако турското Воено воздухопловство лани во ноември урна руски авион над територијата на турско-сириската граница.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
