-->
-->
Eрдоган ја враќа Ф-1 во Истанбул
-->
Трката за Големата награда на Турција би можела од наредната година повторно да се најде во календарот на Формула 1.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во вторникот, во својата резиденција имал состанок со првиот човек на Формула 1, Чејс Кери. На состанокот, начелно бил постигнат договор ГН на Турција да се врати во календарот на Формула 1.
„Се што можам да кажам е дека состанокот помина добро, начелно се договоривме, но договорот сеуште не е потпишан“, им изјавил на новинарите Вурал Ак, првиот човек на патеката во Истанбул.
Пред пет години, Ак, го изнајми „Истанбул Парк“ на 11 години. Патеката се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, а за нејзината изградба во 2004 година беа потрошени 250 милиони долари.
Ак и претходно се обиде да ја врати трката во календарот на Формула 1, но во 2013 година, тогашниот сопственик Берни Еклстон му побарал 26 милиони евра, сума која Ак не сакал да ја плати.
Турција прв пат беше домаќин на трка во првенството на Формула 1 во 2005 година, а последната трка на патеката „Истанбул Парк“ се возеше во 2011 година.
Договорот тогаш бил раскинат поради финансиски проблеми, а Владата на Турција одби да го финансира понатамошното одржување на трката.
Наредната година нема да се вози трката во Малезија, додека во календарот се враќаат трките во Франција и Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад