-->
-->
Ердоган ја повика Русија да не ја напаѓа Украина
-->
Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја „напаѓа” Украина.
– Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор, изјави Ердоган пред новинарите по посетата на Албанија.
Тој истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.
– Украина е силна држава, нагласи турскиот претседател.
Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји претставува „црвена линија” што не смее да се премине
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест