Ердоган ја повика Бугарија да ги обезбеди сите услови за фер и транспарентни избори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли денеска тврдењата дека неговата земја се меша во внатрешните работи на други држави.
Турција секогаш го почитувала територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји, рече Ердоган и во исто време ја повика Бугарија да ги обезбеди сите услови за одржување на фер и транспарентни избори на 26 март, за да може сите нејзини граѓани да го искористат својот глас во атмосфера на мир и безбедност, јави БТА.
- Во недела, на 26 март во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори, но дознаваме дека таму се прават обиди да се спречи наши сонародници, наши браќа од турско потекло со бугарски пасоши, да го остварат слободно и демократски своето право на глас, вели Ердоган.
- Се прават обиди за притисок врз нив. Тоа многу длабоко не вознемири, рече Ердоган. - Може ли да се прифати такво нешто за нормално? Од една страна, Бугарија тврди дека ги штити европските вредности, како европска држава, но од друга страна - да вршиш притисок врз луѓето од турско потекло за да не гласаат според своите убедувања. Каде е тука европското (однесување)?, праша турскиот претседател.
Ердоган посочи дека Турција не се меша во политиката на други држави, но во исто време е нејзино право да ги брани демократските права и слободи на сонародниците во соодветната земја.
Турскиот претседател ја даде изјавата на средба со претставници на иселнички заедници од Бугарија и балканските земји, која се одржа во Анкара со учество на повеќе од 3 000 луѓе. Ова беше петта финална средба одржани по иницијатива на турското Министерство за труд и социјална политика со претставници на иселнички организации од Бугарија и балканските земји во Турција.
На овие состаноци се разговара за прашања поврзани со иселениците, во врска со социјалните права, обезбедување на работа, здравствено осигурување, како и прашањето за нострифицирање во Турција на дипломите на турските студенти кои студираат во странство.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
