Ердоган и Путин договарале заеднички систем за противракетна одбрана
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин за време на средбата во Истанбул во понеделникот, разговараа и за можно формирање на заеднички систем за противракетна одбрана, но деталите за соработка по ова прашање ќе се дефинираат во наредниот период, изјави синоќа портпарол на турскиот претседател Ибрахим Калин.
Калин истакна дека прашањето за формирање на систем за противракетна одбрана со голем дострел било тема на преговорите и претходно, кога станувало збор за набавка на компоненти од Кина, а Анкара била подготвена со преговори да дојде до договор почитувајќи ги националните интереси на Турција.
Портпаролот на турскиот претседател оцени дека Турција позитивно гледа на перспективата за соработка со Русија, кога станува збор за воената индустрија.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ