Ердоган ги повика муслиманските земји да ја интензивираат меѓусебната соработка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика муслиманските земји да ја зајакнат меѓусебната соработка.
Ердоган говореше за време на неговата посета на Аман, каде што пристигна по повод 70-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Турција и Јордан.
Заедно со Ердоган во Јордан замина и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Ердоган, кој учествуваше на состанокот на делегациите од двете земји, нагласи дека исламскиот свет во моментов се соочува со тешки времиња.
Претходно денеска, Ердоган се состана со јорданскиот крал Абдула Втори, со кого разговараше за ситуацијата во Ерусалим и Палестина.
- Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме улогата на Јордан во зачувувањето на муслиманските светилишта во Ерусалим, истакна турскиот претседател.
Тој додаде дека Турција и Јордан ќе продолжат да работат заедно со цел да ја зачуваат неповредливоста на џамијата Ал-Акса во Ерусалим.
На средбата, исто така, кралот Абдула Втори и Ердоган повикаа на нови, сериозни и ефикасни мировни преговори меѓу Израел и Палестина со цел окончување на конфликтот
Ново на Сител
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
