Ердоган: ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЦИА не се фокусирала целосно на убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави Анадолија.
Во гостување во заедничката програма на националните телевизии „АТВ” и „А Хабер”, турскиот претседател ја коментираше истрагата во врска со случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, при што нагласи дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се посветила доволно околу ова прашање.
-ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени тоа прашање да го изнесеме пред меѓународен суд, рече Ердоган.
Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.
-Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија, рече турскиот претседател.
Ново на Сител
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара