Ердоган: Бесмислени се мировните преговори во Женева се додека траат руските напади во Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека бесмислени се мировните преговори за Сирија во Женева се додека силите на претседателот Башар ал Асад и на Русија продолжуваат со своите напади во оваа земја, пренесоа британските медиуми.
- Русија и натаму ги убива луѓето во Сирија. Може ли да има таква мировна средба? Може ли да има такви мировни преговори?", запраша Ердоган во својот говор во Перу.
Забелешките на Ердоган беа објавени на неговиот официјален сајт.
- Во ситуација во која и натаму трае убивањето деца, ваквите обиди немаат никаква друга функција освен да му ја олеснат работата на тиранинот, рече Ердоган, ставајќи го под сомнеж прашањето дали преговорите, што вчера беа прекинати, воопшто ќе бидат обновени.
„Тие постојано се собираат, седат заедно, јадат, спијат и тргуваат меѓу себе. Сега го определуваат датумот на крајот на февруари за продолжувањ ена преговорите. Да го видиме и тоа. Ќе видите дека кога ќе дојде 28 февруари, тие повторно ќе ја одложат средбата“, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство