Ердоган бара средба со Путин по тврдењата дека руски авион навлегол во турскиот воздушен простор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека ќе побара средба со рускиот претседател Владимир Путин по инцидентот, во кој според Турција завчера руски воен авион Су-34 го нарушил турскиот воздушен простор.
- Му кажав на Министерството за надворешни работи да ја пренесе мојата желба да се сретнам лично со господинот Путин. Се уште нема одговор на тоа, рече Ердоган пред новинарите на аеродромот, пред да отпатува во посета на Латинска Америка.
Двајцата претседатели не се сретнале по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турски ловец покрај турско-сириската граница во ноември минатата година. Тој инцидент беше причина за големата криза во билатералните односи, која се уште трае.
- Доколку таквите нарушувања, насочени кон суверенитетот на Турција продолжат, Русија ќе треба да ја сноси одговорноста за последиците. Со оглед на тоа дека нарушувањето на воздушниот простор се случува и во просторот на НАТО. Алијансата, исто така ја следи ситуацијата, рече Ердоган.
Според него од „таквите неодговорни чекори“ немаат корист ниту Русија, ниту односите меѓу Русија и НАТО, ниту мирот во регионот.
Турција тврди дека руски борбен авион Су-34 го нарушил турскиот воздушен простор и поради тоа беше врачен повик до рускиот амбасадор во Анкара.
Како што е наведено во соопштението на турското МНР, пилотот на рускиот авион е предупреден на руски и англиски јазик пред да влезе во воздушниот простор на Турција.
Турција тврди дека инцидентот со рускиот авион се случил завчера.
Ново на Сител
-

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
-

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
-

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници
-

Трамп: Орбан побара ослободување од санкциите за руската нафта, но Вашингтон го одби
-

Постaпкa прoтив чeтворицa осoмничени зa оргaнизирaњe бoрби сo кучињa во битолско сeлo Црнеец
-

Приведен скопјанец, со возило удрил 77-годишна жена и го напуштил местото на настанот
-

Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило
-

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025
