Епско филмско бегство од затвор: Беа на слобода само 11 минути, ги најдоа во пченките
Шестмина осуденици се спречени во обидот за бегство од Окружниот затвор во Крагуевац и против нив е проднесена дисциплинска пријава за тежок дисциплински прекршок.
Во Управата за извршување кривични санкции велат дека обидот за бегство е спречен со адекватана реакција на припадниците на службата за обезбедување и одделението за безбедносно оперативни работи при Управата за извршување кривични санкции.
Обидот за бегство од затворот се случи вчера околу 10 часот кога бегалците успеале да излезат, но набрзо по 10 минути се фатени во блиската нива со пченка и вратени во затвор.
Според неофицијалните сознанинија, станува збор за лица кои имаат во своето досие разбојништва, грабежи, неовластено држење и ставање во промет на опојни дроги, а повеќето чекаат завршување на судските постапки кои се во тек.
Истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација