ЕПП повикува на конструктивност кон договорот за името од сите страни

Европската народна партија (ЕПП) ги повика сите страни вклучени во процесот за името да покажат конструктивност.
- Го поздравуваме договорот постигнат помеѓу двете влади во Атина и Скопје, кој работи на изнаоѓање решение за долгогодишниот билатерален спор, се наведува во соопштението.
ЕПП се надева дека процесот на имплементација ќе се одвива без пречки од двете страни со што ќе се отвори патот за влез на Македонија во НАТО и можност за почеток на преговори со ЕУ.
- Ова е клучен миг за Скопје и веруваме дека сите политички партии треба да се стремат кон позитивно и конструктивно однесување за градење на европската иднина на земјата, истакнуваат европските демохристијани.
Соопштението е напишано од страна на бугарскиот пратеник Андреј Ковачев, потпретседател за проширување во ЕПП, Сандра Калниете, потпретседателка на работната група за надворешни работи и Кристијан Дан Преда, координатор за надворешни работи.
ЕПП беше единствена европска политичка партија која начелно не го поздрави договорот за името, со оглед на тоа дека опозициските партии од двете страни се членки на оваа европска политичка група и се против договорот.
Извори за МИА порачаа дека во групата сепак се разговарало зад затворени врати. Ова е прва официјална реакција од страна на европската десница.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
