-->
-->
Епидемијата ги „испразнила“ банкоматите во Словенија
-->
Банката на Словенија објави дека за време на епидемијата на коронавирусот значително се зголемиле повлекувањата на готовина од банкоматите ширум земјата.
Според податоците на банката зголeмување има во сумата подигнати пари, но намалување се бележи во бројот на трансакциите. Тоа значи дека Словенците поретко оделе до банкоматите, но кога го правеле тоа подигнувале поголема сума готовина.
Така, на почетокот на епидемијата, односно во периодот од февруари до 13 март во просек дневно се правеле по 650.000 трансакции во вредност од околу 20 милиони евра. До крајот на епидемијата просекот на подигнување готовина од банкоматите паднал на 474.000 дневни трансакции во вредност од 17 милиони евра, покажува анализата на Банката на Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат
-
Православните христијани ја слават Велика сабота