Loading Video...
Ракомет
25. August 2022 - 17:44

Е.Пелистер преку Мешков брка полуфинале во СЕХА лигата

Македонскиот вице-првак Е. Пелистер го пречекува Мешков Брест во 1/4_финалето на регионалната СЕХА лига. Вечерашниот меч меѓу Еурофарм Пелистер и белорускиот Мешков  Брест ќе го даде последниот патник на завршниот фајнал-фор турнир во СЕХА лигата. 
 
И минатата сезона овие два тима се сретнаа во нокаут фазата, кога белорускиот тим славеше победа во двата натпревари. 
Но. пелистерци сега веруваат дека може да се реваншираат и да се пласираат меѓу четирите најдобри во регионалната конкуренција. 
 
Дуелот меѓу Е. Пелистер и Мешков  Брест што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе започне од 20:15 часот.
 
Исходот од овој последен четвртфинален меч, ќе го даде противникот на унгарски Веспрем на фајнал-форот во Задар, каде во првото полуфинале ќе играат хрватските претставници ППД Загреб и Нексе тим кој го елиминира македонскиот шампион Вардар.