-->
-->
ЕП - жени: Холандија европски првак
-->

Женската фудбалска репрезентација на Холандија е новиот европски шампион откако синоќа во финалето ја победи Данска со 4:2.
Холандија воедно беше и домаќин на шампионатот, на кој првпат играа 16 репрезентации.
Со овој триумф прекината е 22-годишната доминација на фудбалерките на Германија на европските првенства, а Холандија е четвртата репрезентација која ја освоила шампионската титула. Германија има осум титули. Норвешка две, а Шведска и Холандија по една.
Најдобра на финалето беше капитенот на Холандија Шерида Спитсе, која постигна еден гол, додека два гола во финалето постигна Виване Миедема.Лике Мартенс која беше стрелец на вториот гол во финалето ја доби наградата за најдобра фудбалерка на шампионатот.
Признанието најдобар стрелец и припадна на Англичанката Џоди Телјор, која постигна 5 голови на првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
