Кошарка
10. August 2019 - 19:42

EП У-16: Седумнаесет поени предност и три продолженија недоволни за победа против Израел!

Изворедно драматичен меч одиграа македонските кошаркари на ЕП до 16 години што се игра во Италија. За жал трите продолженија на крајот им донесоа радост на Израелците кои славеа со 99-90.

             

             Македонија може да жали за пропуштената шанса бидејќи имаше водство во еден момент од дури 17 поени.  Сепак избраниците на селекторот Дервишевиќ како да ја загубија концентрацијата и дозволија Израел да фати приклучок во последната четвртина и да избори нерешен резултат 72-72.  Се играа дури три продолженија а во последното беше очигледен заморот кај нашите млади кошаркари па противникот на крајот однесе дури и убедлива победа. И покрај добрите игри ова е втор пораз за Македонија која утре треба да го игра дуелот со Летонија.