ЕП: Русија елиминирана од Словенија
Словенија се реваншираше на Русија и со 3:1 (25:23, 25:22, 21:25, 25:21) ја победи за пласман во полуфиналето на Европското првенство во одбојка, правејќи го првото големо изненадување на шампионатот.
Словенците претходно загубија со 3:0 од Русија во натпреварите по групи, и тоа им беше единствен пораз покрај тој од Македонија во групната фаза, но во „Стожице“, носени од над 10 илјади навивачи, тие успеаја да направат сензација и да се пласираат во полуфиналето.
Претходно, во полуфиналето се пласираше и репрезентацијата на Полска, која со убедливи 3:0 (25:19, 25:21, 25:18) го елиминираше актуелниот европски вице-шампион Германија.
Во другите две четврт-финалиња, кои на програмата се утре, повторно се среќаваат фаворитите за медал Франција и Италија, додека Србија е фаворит против Украина.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Полска – Германија 3:0 (25:19, 25:21, 25:18)
Словенија – Русија 3:1 (25:23, 25:22, 21:25, 25:21)
Франција – Италија
Србија – Украина
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228