-->
-->
ЕП Полска 2016: Бронзениот медал за Хрватска
-->
Репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Полска откако во „малото финале“ ја победија Норвешка со 31:24 (15:11). Хрватска со ова им се реваншираше на Норвежаните за поразот во првата фаза. Дуелот за бронзениот медал го судеа македонските судии Ѓорѓо Начевски и Славе Николов.
Јунак на натпреварот беше голманот Иван Стевановиќ кој имаше 14 одбрани.
Најефикасен на дуелот беше Златко Хорват со 8 голови, а Домагој Дувњак постигна 6 голови, а имаше и 7 асистенции.
Ова за Хрватска е трет бронзен медал на европските првенства, во нивниот шести натпревар за бронзениот медал.
Претходно Хрватска бронза освои 1994 и 2012 година.
Хрватска покрај бронзениот медал изборија и директно учество на Светското првенство во Франција за едно со финалистите, додека Норвешка во баражот за СП ќе игра со Словенија.
Норвешка со пласманот на 4.место го оствари својот најдобар пламсан на европските првенства.
Во финалето од 17:30 часот играат Германија и Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето