-->
-->
ЕП - пливање: Дамјановска го освои 58.место на 50 метри слободно
-->
Македонската пливачка Ана Марија Дамјановска на својот втор настап на ЕП во пливање во Лондон денеска во трката на 50 метри слободно го освои 58 место во конкуренција на 62 натпреварувачки. Таа победи во првата од седумте групи со време 27.58 секнди што беше за половина секунда подобар резултат од нејзиното пријавено време и нејзин нов личен рекорд.
Инаку македонска рекордерка на 50 метри слободно е Анастасија Богдановски со 26.43 секунди. Богдановски не настапи на ЕП во Лондон бидејќи се подготвува за настап на ЛОИ во Рио, додека Марко Блажевски беше дел од македонскиот пливачки тим во Лондон и замина за САД каде го очекуваат следните настапи.
Од македонските пливачи на ЕП пливаа уште Љупчо Ангеловски и Андреј Стојановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија