-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Мукаетов: Шампионатот ќе биде можност да го подигнеме нивото на женскиот ракомет кај нас
-->
Претедателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во друштво на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, присуствуваше на официјалното претставување на заедничката кандидатура на Словенија, Македонија и Црна Гора како ко-оорганизатори на Европското првенство за жени во 2022 година. ЕХФ официјално треба организацијата да ја додели оваа година, но тоа е впрочем и единствената кандидатура.
- Кога сатнува збор за кандидатурата јас сум оптимист и сметам дека имаме големи шанси да ја добиеме организацијата на ЕП за жени 2022 година. Скопје во оваа организација се вклучува аедно со Љубљана и со Подгорица и веруваме дека регионално можеме да направиме многу за развој на ракометот. Ќе биде тоа одлична презентација на градот Скопје и на нашата земја Македонија. Што се однесува до ракометот, ќе биде одлична можност да го подигнеме и нивото на женскиот репрезентативен ракомет кај нас, кој јасно е дека стагнира во однос на машкиот“, изјави Живко Мукаетов.
За тоа колку спортот може да зближува доволно зборува податокот што трите држави кандидати за ЕП за жени 2022 година се ривали во групата на ова ЕП во Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“