-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Миркуловски: Словенија е фаворит
-->
Македонската ракометна репрезентација два дена се наоѓа во Загреб, а вечерва во терминот од 19:30 часот ќе играме против Словенија ривал против кој на Европските првенства имаме една победа во Белград.
Еден од најискусните во нашата селекција Филип Миркуловски, по вчерашниот единствен тренинг во Арена Загреб изјави:
- Имавме добри подготовки и подготвени го очекуваме првиот натпревар. Сите сме здрави што е најважно најважното во пресрет на во овој момент. Словенија е фаворит, бронзени се од последното СП и тоа ги прави условно поквалитетен тим од нас. Но, тие се послаби отколку на првенството во Франција со оглед на тоа дека им се повредени неколку играчи и нема да бидат комплетни. Воедно и не значи дека ќе биде лесен натпреварот.
Прв натпревар, дуел што може многу значи за двете репрезентации. За нас конкрентно, овој меч е шанса да освоиме бодови што понатаму ќе играат голема улога. Желни сме да направиме повеќе од досега и за таа цел морам да победиме.
На ланскиот дуел во Мец во првите 10-тина минути популарниот „Жути“ беше грубо фаулиран од словенечките ракометари и не го продолжи натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин