Спорт плус
6. February 2016 - 10:04

ЕП футсал: Казахстан и Азербејџан останаа во игра за 1/4 финале

 
Репрезентациите на Казахстан и на Азербејџан синоќа ги остварија првите победи во групите на Европското првенство во футсал што се одржува во Белград. Во рамките на групата Ц Казахстан ја победи Хрватска со 4:2 и за плсамн во четвртфиналето ќе го чека исходот од дуелот од последното коло во групата меѓу Русија и Хрватска. Русија и Казахстан имаат по три бодови.
 
Слична е ситуацијата и во групата Д каде Азербејџан ја победи Чешка со 6:5 и заедно со Италија имаат по три бодови. Во последното коло играат Италија – Чешка.
 
Денеска на шампионатот се играат дуелите: Украина – Шпанија (Б група) и Португалија – Србија (А група). Сите четири селекции имаат изборено пласман во четвртфиналето.