Фудбал
18. April 2016 - 18:02

EП Франција без Маркизио

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, нема да може да смета на услугите на Клаудио Маркизио за претстојното Европско првенство во Франција.
 
Маркизио, на предвреме го заврши неделниот меч против Палермо, откако на носилки беше изнесен од теренот. Прегледите покажале дека тој ќе мора да биде опериран.
 
„За жал, дијагнозата е многу лоша. Лигаментите се скинати, кога ќе падне отокот, Маркизио ќе мора на операција“, соопшти Јувентус.
 
Инаку, на мечот со Палермо, Јувентус победи со 4:0 и ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Наполи на девет бодови.