-->
-->
EП 2015: Гасол и пресуди на Франција
-->
Франција загуби од Шпанија во првото полуфинале на Европското првенство во кошарка со (20:17, 13:15, 23:16, 10:18, 9:14). Шпанците покрај финалето обезбедија и директен настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Првото полуфинале на ЕП, донесе неверојатна партија на еден човек, Пау Гасол, кој својата репрезентација ја предводеше со 40 поени и 11 скокови. На овој начин Шпанија и Гасол на брутален начин и се одмаздија на Франција за поразот во четвртфиналето на минатогодиното Светско првенство кога тие беа домаќини.
На спротивната страна Батум и Де Коло постигнаа по 14 поени, Гобер имаше учинок од осум поени и 13 скокови.
Франција носена од френетичната публика и предводена од Де Коло кој набрзина постигна седум поени, стекна седум поени предност во шестата минута (13:6). Шпнаците во првата четвртина во мечот ги држеше Гасол кој постигна десет поени, а во последната секунда со тројката на Родригез ја намалија предноста на Франција на 20:17.
Шпанците подобро влегоа во втората четвртина, со првта тројка на мечот за нив која ја постигна Љуљ стигнаа до израмнување. Францускиот селектор Коле ја спречи серијата на противникот со минута одмор.
По тај аутот Франција, се разбуди Тони Паркер, а по поените на Ловерњ и тројката на Желабал ‘триколорите’ стекнаа предност од пет поени (31:26). Шпанците ме му дозволија на противникот да создаде уште поголема разлика, го подигнаа нивото на својата игра во одбраната, а во нападот им проработе шутот од дистанца и со серија од седум поени, која со тројка ја заврши Родригез преминаа во водство (31:32).
На полувреме сепак Франција замина со минимална предност 33:32.
Вториот дел започна со тројката на Батум, а на спротивната страна со иста мерка врати Миротиќ.
Шпанија држеше приклучок до средината од третиот период, а потоа доминацијата во скокот и нервозната игра на Миротиќ (загуби две топки), како и петте поени во серија на Ловерњ ја однесоа Фрнација на двоцифрена разлика (51:40).
Шпанците делуваа немоќно, а како и во првиот период и во третиот во живот ги одржуваше брилијантниот Пау Гасол.
Франција третиот период го доби со 23:16 и во последната четвртина влезе со предност од 56:48.
Франција ја одржуваше предноста на стартот од решавачкиот период, на шест ипол минути до крајот имаше девет поени предност 61:52. Потоа Шпанците ја превзедоа доминацијата во скок играта, французите влегоа во серија на грешки и за четири минути ‘црвената фурија’ со серија од десет поени го врати водството 61:62.
Батум ја прекина црната низа на Франција со два поени од линијата на за слободни фрлања, но веднаш возврати Гасол.
Во последната минута Шпанија влезе со поен предност (63:64), Французите загубија топка, а во полуконтра Чачо родригез положи за 63:66.
Резултатската неизвесност ја врати Батум кој погоди тројка преку Фернандез на 14 секунди до крајот за 66:66.
Последниот напад на Шпанија одеше преку Гасол, тој одигра ‘еден на еден’ против Гобер но доби рампа и мечот замина во продолжение 66:66.
Дополнителните пет минути минаа во знакот на меч винерот Пау Гасол, кој постигна осум поени во овој период, и катастрофалната реалзиција на Фрнација од линијата за слободни фрлања. Французите во продолжението промашија пет пати од линијата за слободни, најпрвин два пати Паркер, потоа едно Дио, а на 15 секунди до крајот при резултат 75:78, Батум ги промаши трите слободни.
точка на победата на Шпанија во последната секунда стави Гасол со забивање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка