Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
Eнормно e зголемена потрошувачката на водата, особено во попладневните часови. Неконтролирано се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Претпријатието апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата, а доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk.
-Конкретно, на 23 јуни 2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356 000 метри кубни, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител. Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење базени. Апелираме до сите граѓани на Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје, наведува ЈП „Водовод и канализација“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор