Енергетската стабилност во фокусот на утрешната средба Мицотакис-Ковачевски во Атина
– Претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста во нашиот регион и во енергетскиот дел, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на утрешната средба во грчката метропола на премиерите на Северна Македонија и Грција.
Владина делегација од Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе биде во еднодневна работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис, а Иконому истакна дека тие секогаш се подготвени да ги поддржат земјите од регионот.
-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија под предусов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја има енергетски помогнато земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел, пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
