„Енергетска математика“ емисија за енергетска ефикасност

Енергетска математика е новата активност на ЕВН и Агенцијата за енергетика која се спроведува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. Преку сериал на емисии, кој денеска беше промовиран, граѓаните ќе можат да се запознаат со начинот на кој ќе можат да ги применат принципите на енергетска ефикасност во својот дом, како и начинот на кој работат енергетските контролори на терен.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер истакна дека енергетската ефикасност овие денови е многу експлоатирана тема, но за неа не се зборува многу во однос на нејзината практична примена. Новата серија „Енергетска математика“, појасни Петер, ќе даде одговор на повеќе прашања, како на пример што точно значи еден киловат час.
Според министерот за економија Беким Незири, енергијата во последните децении се издвои како еден од најважните ресурси, а денес, како што рече, таа претставува еден од основните услови за економски развој на една земја.
- Имајќи предвид дека Македонија има енергетски дефицит, од исклучително значење е да се работи на енергетската ефикасност. Ова е сегмент на кој работиме со голема посветеност во поглед на регулативата и институционалните подготовки. За таа цел Владата и Министерството за економија имаат донесено стратегија за унапредување на енергетската ефикасност на Македонија до 2020 година и првиот акциски план за енергетска ефикасност. Во владина постапка е и донесување на вториот план за енергетска ефикасност како и изборот на модел за формирање фонд за енергетска ефикасност, со што ќе се создадат услови за обезбедување финансиска поддршка за реализација на активностите содржани во акцискиот план, истакна Незири.
Појасни дека со соработката со ЕВН и Агенцијата за енергетика се дава можност преку практични совети кои што ќе бидат корисни за граѓаните и компаниите да се направи поголема промоција на мерките за енергетска ефикасност, како и заштеда на електрична енергија.
Министерот Незири рече дека тековната кампања на Министерството, во чии рамки се спроведуваат обуки на претставниците од јавниот сектор за исполнување на законските обврски, е со цел промовирање на енергетската ефикасност за потребите на поширокиот круг засегнати страни.
Директорот на агенцијата за енергетика Александар Дуковски појасни дека целта на кампањата „Енергетска метематика“ е да се приближи енергијата до корисниците.
- Се разбира дека намалувањето на емисииите на стакленичките гасови, енергетскиот интензитет и зачувувањето на животнота средина се битни фактори за улогата на енергетската ефикасност, она што е важно, е и улогата на енергетската ефикасност за раст на нашата економија и животен стандард. Во иднина, само оние кои навремено ќе ги согледаат предностите на рационалното искористување на ресурсите, ќе бидат тие кои ќе просперираат понатаму. Во оваа глобална трка, само најефикасните ќе ја поминат целта, истакна Дуковски.
Според него, овој серијал на енергетска математика ќе даде одговори на прашањето за секој граѓанин на неговите дилеми што ги има во секојдневиот живот во однос на корисни совети за зголемување на енергетската ефикасност во домот.
Ново на Сител
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
