Македонија
7. October 2024 - 16:37

Енергетиката и инфраструктурата во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

Поврзувањето на Србија на интерконекторот за природен гас беше главната цел на денешната посета на српскиот премиер на Македонија. Србија сака уште еден крак за снабдување со природен гас а Македонија има за цел да биде енергетска крстосница на Балканот.

А освен енергетското поврзување, целта на двете земји е да ја развијат и железничката инфаструктура. Србија пред крајот на годинава ја пушта брзата пруга од Белград до Суботица а планот е кракот да продолжи преку Ниш, до Врање и да се поврзе од Македонија. Српскиот Премиер денеска сакаше да чуе од својот македонски колега дали Македонија е заинтересирана да се поврзе на овој коридор.

Мицкоски потврди дека коридорот 10 останува врвен интерес за Македонија потенцирајќи дека тоа не значи дека се откажуваме од коридорот 8 кон Бугарија, но Скопје ќе сака од Брисел да добие гаранции дека пругата нема да заврши во тунел кој не води никаде

Ова е прва посета на српскиот премиер Вучевиќ на Македонија. По официјалниот пречек пред Владата, двајцата министри имаа тет а тет средба, а средби имаа и делегациите по кои беше потшиан договор за соработка на полето на енергетиката. Констатирана беше одличната соработка меѓу двете земји и изразени заложби уште пред крајот на годинава да се врати динамиката на редовни меѓувладини седници од кои првата наредна би се одражал во Ниш.