Еминем со епизодна улога во серијата „БМФ“ на Фифти Сент
Раперите Еминем и Фифти Сент повторно ќе соработуваат во заеднички проект, но овојпат тоа не е баш околу музиката…
Имено, Еминем ќе гостува во многу очекуваната ТВ-серија на Фифти – „БМФ“, што е кратенка за „Black Mafia Family“ (Црно мафијашко семејство). Тој ќе го глуми „белото момче“ Рик во една епизода од шоуто продуцирано од Фифти.
– Почестен сум и благодарен за тоа што мојот добар другар Ем за поддршката на моето ново шоу „БМФ“. Не можевме да направиме шоу што се случува во Детроит без да ја вклучиме легендата Еминем, изјави Кертис „50 Сент“ Џексон.
Рик Верш Помладиот, познат како „белото момче“, е вистинска личност. Бил соработник на ФБИ во раните тинејџерски години, но и продавач на дрога и пиштоли во Детроит. Верш бил осуден на доживотен затвор, но на крајот е пуштен на условна слобода – во јуни 2020 година, на 50-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели