Loading Video...
Кошарка
13. January 2021 - 16:03

Ембид и Грин и донесоа победа на Филаделфија по продолжениието со Мајами

Екипата на Филаделфија ја оствари осмата победа во новата сезона на НБА лигата. 
„76-ките“ во неизвесен меч по продолжение го победија минатогодишниот финалист Мајами со 137-134, нанесувајќи им го на „Хитси“ петтиот пораз. Ембид со дабл-дабл од 45 поени и 16 кокови, заедно со Грин кој на 29-те поени придодаде 10 асистенции беа најзаслужни за оваа победа на Филаделфија. 
 
Затоа пак шампионот ЛА Лејкерс без многу мака стигна до деветтата победа. „Езерџиите“ на домашен паркет го победија Хјустон со 117-100 и се зацврстија на првата позиција на табелата во Западната конференција. Тандемот Џејм-Дејвис искомбинираа 45 поени, од кои Леброн постигна 26, а Ентони 19 поени зачинети со 10 скокови.