ЕМА ја одобри вакцината Модерна за третата доза
– Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза.
Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ.
„Третата доза на ’Спикевакс’ беше примена шест до осум месеци откако втората доведе до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии антитела се намалуваа“, објави европскиот медицински регулатор.
ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер/Бионтек“ во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“ за луѓе со ослабен имунолошки систем.
Земјите-членки на ЕУ одлучуваат дали општата популација треба да ја прими третата доза.
Неколку земји започнаа свои кампањи, пред ЕМА да ги објави препораките.
Државите презедоа различни пристапи за тоа кој треба да ја прими третата доза.
ЕМА додаде дека го следи ризикот од срцеви заболувања и други многу ретки несакани ефекти по добивањето засилена доза.
Американските власти одобрија дополнителни дози на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
