Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
Британскиот пејач и текстописец Елтон Џон присуствуваше на премиерата на својот мјузикл „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada), во неделата во Лондон. Во таа пригода, тој рече дека, иако поради ослабнатиот вид не можел да ја гледа претставата, уживал во музиката.
-Не успеав многу да го погледнам сѐ тоа, затоа што, како што знаете, го изгубив видот, рече тој пред насобраните луѓе.
Во септември, пејачот откри дека преживеал тешка инфекција на очите што ја добил во јули. Во ноември, тој за американскиот телевизиски канал „Еј-би-си“ изјави дека боледува од делумно слепило на десното око, а „не е подобра“ ни состојбата на неговото лево око. Џон тогаш додаде дека здравствените проблеми го спречуваат да работи на нови музички проекти.
Елтон Џон (77) ја напиша музиката за „Ѓаволот носи Прада“. Мјузиклот е заснован на филмот од 2006 година. На гала-вечерта, на којашто се собираа средства за Фондацијата за истржувања за СИДА на Елтон Џон, присуствуваа познати личности, меѓу кои и од модната сцена – дизајнерката Донатела Версаче, но и главната уредничка на „Вог“ – Ана Винтур, за која се вели дека го инспирирала ликот на протагонистката Миранда Присли – модна величина со доста големо его.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски