-->
-->
Елени уживаат лежејќи под расцутените цреши во Нара
-->
Нара е град во Јапонија познат по своите елени кои престојуваат главно во градскиот парк. Паркот е вистински магнет за туристи, кои имаат можност да им се доближат на питомите животни и да ги хранат со крекери од ориз.
Пандемијата на коронавирусот го намали локалниот туризам за цели 80%, па паркот сега е празен и тивок, и тоа во најубавиот период од годината, кога јапонските цреши се во полн цут.
Како изгледа тоа, покажаа локалните власти, кои деновиве објавија снимки од паркот, прикажувајќи нереални сцени на елени како мирно лежат меѓу расцутените дрвја.
Немањето туристи имаше негативно влијание врз елените, кои дури беа снимени како лутаат по улиците на Нара во потрага по храна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?