-->
-->
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-->
Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите.
Анонимно е, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат.
На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника, или пак некоја нерегуларност, а може да се приложат и фотографии и документи како докази.
На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.
На брифингот беше кажано и дека се работи на менување на одредени закони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта