Кошарка
29. December 2017 - 9:59

ЕЛ: Дончиќ го покори Истанбул

Играчите на Реал Мадрид го победија Фенербахче со 79:77 во дербито, со што се отвори 15-тиот круг на Евролигата.
Со овој триумф, тимот на Пабло Ласа стигна до врвот на девет победи и шест порази, колку што има и турскиот тим.
Словнецот Лука Дончиќ го предводеше тимот на Мадрид  со 20 поени (3-3 за два, 1-7 за три, 11-12 пенали), 10 асистенции и 8 скока, додека Фелипе Рејес и Трај Томпкинс постигнаа по  13.

Во тимот на Фенер, Фонамеер го заврши мечот со 20 поени, додека Луиџи Датоме постигна 12