Еквадор: На Интернет протекоа личните податоци на речиси 20 милиони граѓани

Еквадорската влада го истражува случајот со објавувањето на личните податоци на милиони граѓани на интернет, ситуација која ја оценија како „многу деликатна“.
Според властите, податоците биле добиени од приватна компанија за време на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој управуваше со земјата од 2007 до 2017 година.
- Тоа е многу деликатна ситуација, повод за голема загриженост за целата влада и за земјата - изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Марија Паула Ромо.
Фирмата за информатичка безбедност „VpnMentor“ на својот веб-портал објави дека открила лични податоци на околу 20 милиони лица, повеќето од Еквадор, кој има население од 17,3 милиони луѓе. Податоците се наоѓале на незаштитен сервер во американската држава Мајами, сопственост на еквадорската фирма „Новаестрат“. Податоците произлегуваат од различни места, вклучително и од регистри на еквадорската влада, компанија за автомобили и две банки.
Еквадор нема закон за заштита на личните податоци.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
