Екстерното тестирање без проблеми во штипските средни училишта
Во штипските средни училишта екстерното тестирање на матурантите помина без никакви проблеми. 540 матуранти од завршните четврта и трета година првиот ден беа тестирани во предвидените два термини.
Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Атанас Крстовски изјави дека тестирањето почнало без никакви проблеми, и учениците во предвидениот рок го завршилеја тестирањето по предмитети кои им беа определени од Државниот испитен центар. Во ова училиште екстерно тестирање на околу 200 ученика ќе се спроведе на 2 февруари.
Директорите на останатите средни училишта во Штип информираат дека и во нивните училишта екстерното тестирање поминало без технички проблеми. Средношколците сметаат дека оценките кои ги имаат добиено од своите наставници ќе им се потврдат. Маја Ашкилова од Секторот образование во Општина Штип информира дека на денешното екстерно тестирање минимален е бројот на отсутни ученици.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени