„Експрес“: Ердоган му се закани на Харадинај и ги повика жителите на Косово да протестираат против него

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.
Тој, го критикува Харадинај за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и првиот човек на косовската тајна служба, АКИ, повикувајќи ги граѓаните на Косово да протестираат против него.
- Нашите тајни служби ги донесоа тука шесте членови на Ѓулен. Но многу се вознемирив кога разбрав дека се разрешени министерот за внатрешни работи и првиот човек на тајната служба. Еј,премиеру на Косово, кога почна да ги заштитуваш оние кои направија државен удар во Турција? Од кого доби наредба? Убеден сум дека народот на Косово, нашите браќа таму, ќе ти го дадат заслужениот одговор, изјави Ердоган напаѓајќи ги САД кои, според него го контролираат Харадинај.
Ердоган го поштеди од обвинувања претседателот на Косово Хашим Тачи, кој ја подржа акцијата на АКИ. Исто така Тачи за акцијата рече дека е превземена бидејќи ѓуленистите ја загорзувале нацоналната безбедност на Косово.
Шестмина турски државјани беа уапсени во четвртокот и по итна постапка протерани од Косово по одлука на МВР, кое ги поништило дозволите за нивен престој во Косово,откако АКИ во соработка со турската тајна служба заклучиле дека овие лица претставуваат национална опасност за земјата.
Медиумите наведуваат дека во Косово има уште најмалку 200 ѓуленисти.
Ново на Сител
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
