-->
-->
Експолодирала противградна ракета - двајца повредени
-->
Вчера во 13.00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.
Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни.
При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата.
Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга