-->
-->
Експлозијата била од Стад д'Франс - Има загинати и на стадионот!
-->
Лошите вести од Париз не престануваат да доаѓаат и целиот свет вечерва е со она што се случува во француската престолнина.
Последните информации велат дека, сепак, жртви имало и на Стад д'Франс каде вечерва се играше пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија. Всушност, експлозијата што се слуша на снимката од мечот не доаѓа од близина на стадионот, туку од еден од неговите влезови и, наводно, загинати се три лица. Паниката кај присутните на натпреварот беше толку голема што во еден момент беше запрена и играта, а фудбалерите немаа поим што се случува.
Извор на информацијата дека има загинати на Стад д'Франс е лично претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Гре. Инаку, во Париз се уште владее хаос, а полицијата се обидува да ги запре терористите кои нападнаа на неколку места низ градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб