-->
-->
Експлозија во Шведска: Дваесет и пет луѓе пренесени во болница
-->
– Околу 25 лица рано утрово се пренесени в болница по експлозија во станбена зграда во шведскиот град Гетеборг, објавија локалните медиуми.
Шведската полиција на својата веб-страница објави дека започнала со евакуација на луѓето кои живеат во таа област.
Полицијата соопшти дека отворила истрага за инцидентот, иако засега нема осомничени.
Службите за итна помош соопштија дека работат на евакуација на станарите и гаснење на пожарот во зградата.
– Зафатени се неколку станови и скалите во зградата. Во моментов не е познато што ја предизвикало експлозијата, соопштија итните служби за пошироката област на Гетеборг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија
-
Загреб: Масовна тепачка помеѓу доставувачи
-
Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на убиецот од Младеновац
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Изминатиот викенд отстранети 115 кубни метри отпад во Скопје
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
„Вашингтон пост“: Кинески хакери дошле до аудио снимки од советник од кампањата на Трамп
-
Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт
-
Сајнц победи на трката за ГН на Мексико