-->
-->
Експлозија во куќа во Скопје - маж се бори за живот
-->
Вистинска драма се одвивала во 14 часот и 45 минути во Скопје кога на улицата Бриселска имало експлозија во куќа.
Ј.И. пријавил дека на улицата, во куќата на неговиот сосед, 92-годишниот С.С. имало експлозија и притоа бил повреден 64-годишниот М.С. кој бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал.
Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите.
Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени од експлозија од бренер за заварување.
Тој е во животна опасност.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори