Експлозија во Авганистан: Загинаа војници
Тројца американскци војници, припадници на Мисијата на НАТО во Авганистан, загинаа при експлозија на бомба во близина на авганистанскиот град Газни, соопшти денеска Алијансата.
При експлозијата се ранети уште тројца американски војници и еден Амриканец цивил.
Во соопштението на НАТО не се посочуваат детали за нападот.
Одговорност за експлозијата презедоа талибанските бунтовници, чиј портпарол Забихука Муџахид соопшти дека целта на нападот бил конвој возила на американската армија.
Со најновите жртви, бројот на американски војници загинати во Авганистан од почетокот на годината се зголеми на 12.
Од почетокот на американската воена интервенција во Авганистан во 2001, па досега, во оваа средноазиска држава животите ги загубија над 2.400 припадници на Вооружените сили на САД.
Во моментов во Авганистан се стационирани околку 15.000 американски војници.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци