Експертите бараат од СЗО нова истрага за потеклото на Ковид-19
Група од 26 експерти упати писмо до Светска здравствена организација (СЗО) со кое бара нова истрага за пандемијата со Ковид-19 откако, како што наведуваат, досегашната истрага не исклучила ниту една теорија за настанокот на вирусот.
Еден од авторите на писмото, Николај Петровски од австралискиот Универзитет Флиндерс во Аделаида, истакна дека и покрај истрагата на СЗО во Кина во јануари светот нема повеќе сознанија за потеклото на Ковид-19 отколку пред една година.
Во писмото експертите наведуваат и дека мисијата на СЗО немала мандат, независност или соодветен пристап за спроведување на целосна и неограничена истрага на сите теории.
– Сите можности и понатаму се на маса и уште не сум видел ниту еден независен научен податок што исклучува која било од нивв, посочи Петровски.
Во јануари тим научници избрани од СЗО ги посети болниците и истражувачките институти во кинескиот град Вухан, каде првпат беше идентификуван Ковид-19. Научниците беа криикувани дека премногу се потпираат на кинеските податоци, а дел од научниците изјавија дека Кина не сакала да ги сподели клучните податоци кои би укажале дека Ковид-19 циркулирал месеци пред да биде препознаен.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти