-->
-->
Експертите анализираат: Потегот на ДУИ го бетонира 5 јуни за избори
-->
Ненадејната одлука на ДУИ да ги повлече своите министри од Владата значи дека се создадени сите услови за распуштање на Собранието и за распишување на изборите. Во вакви услови избори на 5 јуни мора да има и овој потег на ДУИ само ќе ја забрза целата процедура и ќе ги отфрли сите дилеми, оценуваат познавачите, пренесува Телеграф.мк.
Дека ДУИ е сериозна во намерата, покажува и денешната најава дека до премиерот Емил Димитриев министрите ќе ги достават своите оставки, но без да наведат која е причината за ваквиот потег.
Професорот Димитар Мирчев вели дека сега веќе нема време Собранието да расправа за нови министри бидејќи тоа се распушта на 7 април, но најважно е што нема да има ново одложување на изборите.
– Сите сигнали укажуваат дека ќе има избори, а тоа се гледа и од последната изјава на комесарот Јоханес Хан. Ова за ДУИ можеби е и дел од предизборната кампања, за да се ослободи од целиот товар во учеството во владејачката коалиција. Се работи само за министрите, што не значи дека ДУИ ќе се повлече од другите функции. Доколку се евидентираат оставките, нивните заменици ќе ги преземат обврските до формирањето нова влада – анализира Мирчев.
Објавата на пратеникот Артан Груби од ДУИ, на Фејсбук, според експертите, јасно покажува дека албанскиот коалициски партнер нема по вторпат да се согласи на одложување на изборите, кои првично беа закажани за 24 април.
Тогаш ДУИ ја прифати сугестијата на амбасадорите на САД и на ЕУ дека треба да се остави дополнително време да се прочисти Избирачкиот список и да се подобри состојбата во медиумите.
Оттогаш, започна теренската проверка за гласачите, а до Собранието се доставени два предлога за измени на Законот за медиуми и се очекува следната недела, пред распуштањето, тие да бидат усвоени.
Згора на тоа, вчера и ОБСЕ и ОДИХР потврдија дека се подготвуваат за изборите на 5 јуни и дека сите партии ја имаат одговорноста за спроведување фер и демократски избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка