Експерт: Иранскиот танкер може да гори цел месец

Иранскиот нафтен танкер, што се запали по судар со кинески товерен брод во Источното Кинеско Море во саботата, може да гори цел месец, изјави експерт од јужнокорејското Министерство за риболов и океани.
Десетици спасувачки бродови водат битка со силни ветрови, високи бранови и отровен дим на плоштина од околу 3.000 кв/км за да ги пронајдат 31 член на екипажот и да го изгаснат огнот.
Се повеќе растат стравувањата дека танкерот може да експлодира или да потоне.
Кинеските власти, кои се се борат да спречат еколошка катастрофа, денеска соопштија дека не се откриени големи количини на нафта во морето.
Спасувачките тимови, во близина на танкерот, открија тело, за кое се претпоставува дека е еден од членовите на екипажот. Танкерот превезувал 136.000 тони (околу еден милион барели) кондензирана нафта, што е лесно запаллива.
Бродовите за спасување и за чистење се соочија со токсични гасови, дожд и ветровити услови, додека се борат да ги пронајдат исчезнатите морнари, но и да спречат поголемо истекување на нафта, што би довело до еколошка катастрофа.
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
