Експерименталната вакцина Во Кина ја примија околу милион луѓе
Речиси еден милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина што ја развива кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ во рамки на итната програма одобрена од кинеската Влада. Досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на вакцината, соопшти раководството на компанијата.
Директорот на „Синофарм“, Лиу Џинџен потврди дека се вакцинирани речиси милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави Си-Ен-Ен.
Тој рече дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56.000 луѓе, кои потоа патувале во странство.
Лиу исто така потврди дека „Синофарм“ спроведе клинички испитувања во трета фаза со вклучени речиси 60.000 луѓе од 10 земји, меѓу кои ОАЕ, Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење