Ексклузивно: Ноќ на Оскарите во недела на Сител
ТВ Сител ексклузивно ќе го пренесува 89-то доделување на филмските награди Оскар од Лос Анџелес, вo недела, 26.02.2017. кога членовите на Американската Академија на филмски уметности и наука ќе ги наградат најдобрите филмови во 2016-та.
Вo недела, по Дневникот, околу 23:30 ќе започне „Ноќ на Оскарите“.
Прво ќе ги претставиме номинираните филмови и ќе се потсетиме на највпечатливите Оскаровски моменти.
Во 1 часот по полноќ започнува „Одбројување до Оскарите“, кога ќе го проследиме пристигнувањето на ѕвездите на црвената патека пред театарот Долби.
Во 02:30 започнува 89-то Оскаровско шоу и предвидено е да трае околу 4 часа.
Оскаровската церемонија ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија.
За Оскар за најдобар филм номинирани се: „Месечева светлина“, „Пристигнување“, „Ла Ла Ленд“, „Огради“, „Лав“, „По секоја цена“, „Скриени фигури“, „Манчестер на море“ и „Гребенот на спасените“.
Се очекува ова да биде едно од најблескавите изданија на доделувањето на Оскарите на кое ќе се појават бројни филмски ѕвезди како Хали Бери, Ширли Меклејн, Скарлет Јохансон, Шарлиз Терон, Џејми Дорнан, Хавиер Бардем, а ќе настапат Стинг, Џон Леџенд, Џастин Тимберлејк.
Во Македонија шеста година по ред Оскаровското шоу ќе се емитува на Телевизија Сител. Скратената снимка „Оскар 2017:Победници“ ќе се емитува во вторник, во 23:30.
Ново на Сител
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа