ЕКСКЛУЗИВНО: Нема пејачи во кафеани, на маса во ресторани максимум четири лица

На маса во кафена максимум ќе седат четворица наместо досега дозволените 12. Во угостителските објекти се забранува гостување на пејачи и диџеи, одлучи денеска Комисијата за заразни болести чии предлози министерот Венко Филипче ќе ги одбразложува на вечерашната владина седница. Од Комисијата се категорични дека никогаш не дозволиле работа на дискотеки и ноќни клубови кои всушност овој период работат без почитување на работното време. Комисијата ќе и препорача на Владата и колку гласна треба да биде музиката во објектите – предлагаат 50 децибели за да не мора гостите во објектите да си шепкаат на уво и да се доближуваат многу блиску за да можат да зборуваат со што ќе ги почитуваат мерките за заштита од вирусот. Денешниот состанок на Комисијата кој го свика министерот за здравство е поради алармантното зголемување на бројот на новозаразени со Ковид 19. На состанокот членовите заклучиле дека во последните две недели новите случаи со корона се помлади лица кои одат по журки.
Засега нема кратење на работното време на угостителските објекти, додека, пак, за ограничување на бројот на патници во јавниот превоз Комисијата ќе расправа на утрешниот состанок.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
