Економската состојба во преработувачката индустрија во септември поповолна
Оценката за економската состојба во преработувачката индустрија во септември е поповолна во споредба со август, а како поповолна е оценета и во однос на септември минатата година.
Како што денеска објави Државниот завод за статистика, според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на август, а за 6,2 процентни поени во однос на септември 2014 година.
Поповолна е обезбеденоста на производството со порачки и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи се намалени. Истото се однесува и на бројот на вработени, а просечното искористување на капацитетите на компаниите во септември изнесува 63,9 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 24,6 отсто, недоволната странска побарувачка со 23,8, недоволната домашна побарувачка со 23,5 и финансиските проблеми со 5,3 проценти.
Ново на Сител
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам